ПРОИЗВОДСТВО

Производствениот процес во Маслинова Градина се води според строгите принципи на boutique производство.

 

ПРОИЗВОДСТВО СО ПОЧИТ КОН ПРИРОДАТА

Нашето производство е спој на традиција, наука и безкомпромисна посветеност кон квалитетот. Следиме строги принципи на boutique производство, каде секоја маслинка, секој момент и секој чекор се внимателно контролирани.

Од здравите плодови на нашите 800 стебла, преку рачната берба и брзата преработка, до ладното цедење на прецизна температура – ништо не е препуштено на случајноста. Складираме во инокс садови, заштитени од кислород и светлина, чувајќи ги сите нутритивни вредности.

Со имплементација на HACCP стандарди и регистрација во Агенцијата за храна и ветеринарство, гарантираме безбедност и врвен квалитет. Ова не е масовно производство – ова е уметност.

Одгледување и берба

Ладно цедење

Складирање и чување

01.

РАЧНА БЕРБА СО ГРИЖА

Сѐ започнува со здрав плод одгледуван со љубов на нашите 20.000 квадратни метри насади. Секоја маслинка се бере рачно, внимателно, за да не се оштети нејзиното совршенство. Бербата се одвива во оптималниот момент на зреење, кога маслинката е полна со аромати и нутриенти. Од гранка до млин – максимум 4 часа.

02.

ПРЕЦИЗНА ПРЕРАБОТКА

Нашиот високотехнолошки млин работи на строго контролирана температура од 24°C. Ладното цедење е клуч за зачувување на сите витамини, антиоксиданти и природни ароми. Процесот е брз и ефикасен, без изложеност на воздух или светлина. Резултатот е чисто, свежо Extra Virgin масло со ниска ацидност и богат вкусен профил.

03.

ЗАШТИТЕН КВАЛИТЕТ

По цедењето, маслото се складира во специјални инокс садови со контролирана температура и влажност. Без контакт со кислород, светлина или надворешни влијанија, маслото ги задржува сите свои својства. Овој финален чекор гарантира дека до вашата трпеза стигнува совршен производ.

Посетете не и на нашите социјални медиуми