Ние сме МАСЛИНОВА ГРАДИНА
EXTRA VIRGIN
МАКЕДОНСКО МАСЛИНОВО МАСЛО
Производствениот процес во Маслинова Градина се води според строгите принципи на boutique производство.
НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ
Премиум македонско Extra Virgin маслиново масло
100% македонско – од нива до вашата трпеза
-
Ладно цедено на околу 24°C со цел зачувување на сите нутритивни вредности
-
Три сорти маслинки: Chalkidiki, Ascollana и Picual од сопствениот насад
-
Златно-жолта боја со вкус на зелена трева и свежи маслинки
-
Ниска ацидност и богато со антиоксиданси
Нашата приказна
ПРВОТО ЛАДНО ЦЕДЕНО EXTRA VIRGIN МАКЕДОНСКО МАСЛИНОВО МАСЛО
По речиси две децении упорна работа и посветеност, започнувајќи од 2008 година, семејното земјоделско стопанство Маслинова Градина (Olive Garden) успеа да ја оствари својата визија – производство на врвно македонско ладно цедено Extra Virgin маслиново масло.
Квалитет - строги стандарди во секој чекор
Традиција - автентично македонско производство
Автентичност - 100% контрола на процесот
Нашето производство
Нашето маслиново масло се раѓа со љубов и прецизност. Секоја маслинка се бере рачно и внимателно за да не се оштети нејзиното совршенство. За најмногу 4 часа плодот се трансформира во течно злато.
Ладното цедење на температура од околу 24°C ги зачувува сите природни ароми, витамини и антиоксиданти. Најсовремената технологија се спојува со вековна традиција, а резултатот се складира во инокс садови, заштитен од кислород и светлина.
Ова не е само производство, туку посветеност на секој детаљ. Од првата маслинка до последната капка, секој чекор е контролиран, секој чекор е важен. Затоа што квалитетот не се случува случајно, тој се создава.
Модерна технологија:
- 2024: Високотехнолошки млин за ладно цедење
- 2023: Нов производствен и складишен капацитет
- Ладно цедење на температура околу 24°C
- Инокс садови за складирање без контакт со кислород
- Контролирани услови на температура и влажност
Сведоштва
ГЛАСОТ НА НАШИТЕ
ЗАДОВИЛНИ КЛИЕНТИ
Најголемата награда за нашата работа е задоволството на луѓето кои го пробале нашето масло. Нивните искуства и искрени впечатоци се најдобро сведоштво за квалитетот што го нудиме. Од домашни до професионални кујни, од љубители на здрава храна до почитувач на автентични вкусови. Секој кој го пробал нашето маслиново масло има своја приказна.
