Ние сме МАСЛИНОВА ГРАДИНА

Extra Virgin.
Македонско масло

Производствениот процес во Маслинова Градина се води според строгите принципи на boutique производство.

НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ

Премиум Македонско Extra Virgin Маслиново Масло

100% македонско – од нивата во Пирава до вашата трпеза

  • Ладно цедено на 24°C за зачување на сите нутритивни вредности

  • Три сорти маслинки: Chalkidiki, Ascollana и Picual од сопствениот насад

  • Златно-жолта боја со вкус на зелена трева и свежи маслинки

  • Ниска ацидност и богато со антиоксиданси

Ладно цедено 1l 
Цена: 1200 ден.

Ладно цедено 0.500l 
Цена: 650 ден.

Ладно цедено 0.750l 
Цена: 900 ден.

Нашата приказна

Првото Extra Virgin Македонско масло Започнува уште од 2008 година

По речиси две децении години упорна работа и посветеност, започнувајќи од 2008 година, семејното земјоделско стопанство Маслинова Градина (Olive Garden) успеа да ја оствари својата визија – производство на врвно македонско ладно цедено Extra Virgin маслиново масло.

Квалитет - строги стандарди во секој чекор

Традиција - автентично македонско производство

Автентичност - 100% контрола на процесот

Нашето производство

Нашето маслиново масло раѓа се со љубов и прецизност. Секоја маслинка се бере рачно, внимателно, за да не се оштети нејзиното совршенство. За само 4 часа, од гранка до млин, плодот се трансформира во течно злато.

Ладното цедење на точно 24°C ги зачувува сите природни ароми, витамини и антиоксиданти. Најсовремената технологија се спојува со вековна традиција, а резултатот се складира во инокс садови, заштитен од кислород и светлина.

Ова не е само производство – тоа е посветеност на секој детаљ. Од првото листо до последната капка, секој чекор е контролиран, секој момент е важен. Затоа што квалитетот не се случува случајно – тој се создава.

Модерна технологија:

  • 2024: Високотехнолошки млин за ладно цедење 
  • 2023: Нов производствен и складишен капацитет
  • Ладно цедење на 24°C – зачување на ароми и нутриенти
  • Инокс садови за складирање без контакт со кислород
  • Контролирани услови на температура и влажност

Сведоштва

ГЛАСОТ НА НАШИТЕ
ЗАДОВИЛНИ КЛИЕНТИ

Најголемата награда за нашата работа е задоволството на луѓето кои го пробале нашето масло. Нивните искуства и искрени впечатоци се најдобро сведоштво за квалитетот што го нудиме. Од домашни кујни до професионални кујни, од љубители на здрава храна до ценители на автентични вкусови. Секој кој го пробал нашето маслиново масло има своја приказна. 

Навистина пријатно изненадување. Извонреден вкус и неверојатно убава арома. Професионална и ексклузивна амбалажа. Искрено не очекував толку добар производ, особено не маслиново масло од Македонија. Секоја чест за Olive Garden, моја препорака до сите и ви посакувам уште многу успешни сезони и приширување на работата во иднина.
Игор
Одличен природен вкус во премиум амбалажа.
Бојан
I've been using Olive Garden MK olive oil, and it's simply the best! The flavor is rich, fresh, and elevates every dish I prepare. I love knowing it's crafted with such care and quality ingredients. Highly recommend to anyone looking for premium olive oil!
Marina
Си купив, преубаво!! Сум ги пробала повеќето што можат да се најдат во маркетите, ниедно не му е рамно. Особено врз тазе препечено лепче истриено со лукче, напрскано со маслото и малку сол. Мхмхмх "Си чини парите", велеше дедо ми.
Зорица
Прв пат порачав од вашето маслиново масло. Го пробавме и можам да кажам дека е превкусно. Со години користам различни маслинови масла, од Франција, Италија, Шпанија и Грција. Конечно нешто наше, со супер квалитет. Честитки, продолжете со овој квалитет и ќе имате постојани, задоволни клиенти, како мене
Маре

Посетете не и на нашите социјални медиуми