Нашето и ваше маслиново масло освои ЗЛАТО ВО АМСТЕРДАМ, ХОЛАНДИЈА со етикета која е испишана на македонски јазик со кирилично писмо!
По успехот на овогодинешниот натпревар на маслинови масла во Загреб, учествувавме на Петтиот интернационален натпревар на маслинови масла во Амстердам и македонското маслиново масло се закити со златен медал!
Во конкуренција на повеќе од 200 масла од 20 земји, првото македонско маслиново масло целосно произведено во Македонија постигна неверојатен историски успех.
Наградата ја добивме по спроведено сензорско оценување од интернационален панел на високо обучени дегустатори на маслинови масла.
Од нашето маслиново extra virgine масло беа воодушевени еминентни шефови на кујни, кои присуствуваа на настанот.
Квалитетот на нашето маслиново масло не зависи од амбалажата, јазикот и писмото на кое е испишана неговата етикета!



