Ние произведуваме македонско extra virgin маслиново масло.
Сопствен маслинов насад со повеќе од 800 маслинови дрва.
Три различни сорти на маслинки (Chalkidiki, Ascolana и Picual) – врвна комбинација за премиум квалитет.
Во производството користиме маслинки само од нашиот маслинов насад. Не откупуваме, не увезуваме!
Бербата и преработката на маслинките се одвиваaт во ист ден – гаранција за врвен квалитет.
Користиме најнова технологија за механичка обработка.
Строго контролирана температура на цедење на маслиновото масло (не повеќе од 24°C).
Складирање на добиеното маслиново масло во соодветни инох садови за одржување на квалитетот.
Берба и производство октомври 2024 година
Одобрено од АХВ.
Примена на ХАСАП.
Квалитет потврден со анализа.
Македонско, домашно boutique производство на extra virgin маслиново масло во ограничени количини!
-Оваа година одлучивме нашето масло да биде спакувано во темна стаклена амбалажа од 0.75 литри.
-Доставата во Скопје е бесплатна и се реализира во рок од 24 часа од нарачката.
Доставата до другите градови во Македонија изнесува 170 денари и се реализира во рок од 1 до 3 работни дена (планираме групни бесплатни достави за повеќе градови во Македонија).

