Мирис
Ладно цедено extra virgin маслиново масло треба да има свеж, овошен мирис, кој потсетува на маслинки, трева, билки, овошје и сл. Ако маслото нема мирис или пак има кисели ноти и мириса на нешто непријатно, тогаш станува збор за масло кое не е свежо и има лош квалитет.
Боја
Бојата на ладно цеденото extra virgin маслиново масло може да варира од жолто-зеленикава до златна, во зависност од сортата на маслинките, времето на берба и процесот на производство.
Бојата на ладно цеденото extra virgin маслиново масло е важна за препознавање на свежината на маслото.
Вкус
Овошниот вкус е најважниот критериум за квалитетно ладно цедено extra virgin маслиново масло. Вкусот треба да е пријатен со билни, тревни, овошни ноти.Умерена, а не силна горчина и пикантност (луто чувство и пецкање во грлото) се исто така пожелни и укажуваат на висока содржина на антиоксиданти и полифеноли, кои се многу важни и корисни за нашето здравје. Ако маслото нема вкус или почуствувате кисел или метален вкус, ова може да биде знак дека маслото не е extra virgin туку масло со лош квалитет и оксидирано.
Да се потсетиме – ладно цедено extra virgin маслиново масло колку е помладо толку е подобро!
Сите овие карактеристики ги поседува нашето extra virgin маслиново масло.

