ПОСЕТА ВО ИСТРА

Драги пријатели,

На 11 и 12 април 2025 ја посетивме Истра – Хрватска со цел да ги откриеме тајните на врвното extra virgin ладно цедено маслиново масло.

На 11 април бевме во Пула кај Nono Bruno, сопственик на еден од најголемите млинови. Се запознавме со процесот на производство и чување на течното злато, а имавме можност да дегустираме различни маслинови масла.

Го претставивме и нашето масло, кое беше оценето како високо конкурентно

На 12 април присуствувавме на маслинарска средба во општина Жмињ, Истра.

Слушнавме инспиративни предавања и учествувавме во дегустација на 39 маслинови масла, произведени од членовите на општината.

Во оваа прилика го претставивме и Olive Garden MK и со голема гордост добивме искрено позитивни реакции, пофалби за квалитетот и интерес за идни соработки, како надворешен член во ова прекрасно здружение

Стекнавме нови пријатели, разменивме искуства и научивме многу од вистински мајстори во занаетот

Ова патување беше уште една потврда за нас – дека сме на вистинскиот пат

Со почит,

Olive Garden MK

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *